Фудбал
Инфантино: ФИФА не може да решава геополитички проблеми

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) повика денеска на мир во Газа, нагласувајќи притоа дека нејзината улога не е да решава конфликти, туку да носи порака за мир.
„ФИФА не може да решава геополитички проблеми, но може и мора да го промовира фудбалот низ целиот свет користејќи ги неговите обединувачки, образовни, културни и хуманитарни вредности“, порача претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се воздржа од одговор на сè погласните повици за суспензија на Фудбалската федерација на Израел.
„Нашите мисли се со оние кои страдаат во многуте конфликти што постојат низ целиот свет денес, а најважната порака што фудбалот во моментов може да ја пренесе е пораката за мир и единство“, додаде претседателот на ФИФА.
ФИФА и УЕФА се под притисок од одредени фудбалски лидери кои повикаа на суспензија на израелската репрезентација и клубови поради војната во Газа.
ФИФА го разгледува ова прашање со месеци, но не е донесена конечна одлука
октомври 3, 2025