Ракомет
Тензично полувреме со десетминутен прекин на дербито Вардар – Еурофарм Пелистер,

Ракометарите на Вардар 1961 водат против Еурофарм Пелистер со 16-14 по првото полувреме кое го одбележа тензична атмосфера на паркетот и трибините.
Натпреварот во салата „Јане Сандански“ во Скопје беше привремено прекинато во 23 минута, кога во салата влегоа навивачите на битолскиот клуб.
Кратко потоа на теренот беа фрлени предмети, а кон една од трибините и пиротехнички средства.
По интервенција на полицијата и обезбедувањето во салата, големото македонско ракометно дерби продолжи.
октомври 2, 2025