Вести
Алиу: Освен со Словенија, веќе преговараме и со Италија и со Австрија за да може да обучиме наш кадар

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес објави дека покрај Словенија, во тек се преговори и со Италија и Австрија, со цел да се овозможи обука на нашиот медицински персонал.
“Тие ќе одат на краток престој таму и мораме паралално да работиме за да можеме да креираме инфраструктуира и човечки капацитети.”
Исто така, дигитализацијата ќе асистира за нашите доктори и експерти кои живеат во странство да можат активно да се приклучат во нашиот здравствен систем.
“Пак системот мислам дека ќе го реши еден од тие базични инфраструктуирни решенија за комуникација и надвор од државата, да бидат граѓаните и услужени, но и да бидеме сигурни дека податоците од нашите пациенти се во сигурни раце”, изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во општина Бутел, каде што беше најавена изградба на нова амбуланта.
Во одговор на прашањето на новинарите кој ќе биде ангажиран во новата амбуланта во општина Бутел, со оглед на недостигот на специјалисти во другите амбуланти во Скопје, Алиу изјави дека се работи и веќе има работна група за национална стратегија за создавање на човечки ресурси во здравството.
“Во моментов интензивно работиме на вработување на приватните специјализанти и медицински сестри и се надевам дека за брзо време по креирање доволно модерна инфраструктура ќе имаме можност тука да дојдеме и да имаме прес-конференција за екипирање на целата поликлиника со доктори и медицински сестри”, рече Алиу.
На прашањето за недостигот на специјалисти во Скопје, Алиу одговори дека постои “life апликација” и дека може да се пристапи до веб-страницата на Министерството за здравство за да се видат информациите.
“Тоа е процес, кој е во континуитет. Се храни со податоци, колку доктори има, медицински сестри и технички кадар. За жал вие имате потполно право. Ние сме свесни дека има недостаток на здравствени услуги за граѓаните и заради инфраструктурна гледна точка и заради недостаток на доктори и медицински сестри.”
Тој додаде: “Знаете дека капцитетот не може да се креира за еден ден и треба време. За жал здравството е менаџирано ад кох, со ад кох решенија, а единствен ресор кој не бара ад кох решенија е здравството. Вие морате да проектирате за 10 години и инфраструктура и човечки капацитети. Ние впрочем тоа и го правиме. Веќе правиме национална стратегија за човечки капацитети и ќе знаеме за 10 години колку ќе имаме студенти, колку паралелки ќе имаме во средното медицинско училиште за лаборанти и за техничари и ќе може да проектираме понатаму каде и каков тип на професионалци ни треба”, заклучи Алиу.
октомври 2, 2025