Connect with us

Политика

ВРЕДИ: Бујар Османи поминал повеќе од 10 години на власт, но ниту еден ден за Чаир

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, на прес-конференција појасни за сите оние кои не знаеле, политичката кариера на Бујар Османи и отсуството на резултати за граѓаните на Чаир, се вели во соопштението од ВРЕДИ коешто МИА го објавува интегрално.

Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како вицепремиер и министер.

Министер за здравство (27 јули 2008 – 28 јули 2011) → 1.096 дена
Вицепремиер за европски прашања (31 мај 2017 – 30 август 2020) → 1.187 дена
Министер за надворешни работи (30 август 2020 – 23 јуни 2024) → 1.389 дена
Претседавач со ОБСЕ (1 јануари 2023 – 31 декември 2023) → 365 дена

Вкупно: 10 години и 22 дена на министерски и извршни позиции.

„Но, во текот на сето тоа време, ниту еден ден за чаирчани“, нагласи Азири.

Тој посочи неколку факти кои, според него, ја покажуваат хипокризијата на Османи.

Нула дена за чаирчани – два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула дена за чаирчани – една недела со Никола Груевски во Будимпешта. Нула вработувања за чаирчани – додека сопругата е вработена во АЕК, сестрата во М-НАВ, а бизнисот на братот на Османи напредува.

„Ова е реалниот биланс на Бујар Османи по повеќе од една деценија на власт. Затоа, денес тој нема образ да им ја побара довербата на граѓаните на Чаир“, заклучи Азири.