Ракомет
Барселона и Веспрем финалисти на Супер Глоуб

Екипите на Барселона и Веспрем ќе играат во финалето на Супер Глоуб. Двете екипи постигнаа победи во денешните полуфинални дуели.
Во првото полуфинале Веспрем, кој е лански победник успеа да оствари триумф во дуелот со трикратниот победник Магдебург со 23:20.
Ракометарите на Барселона во второто полуфинале го совладаа Ал Ахли од Египет со 26:21 и ќе имаат шанса по 2019 година повторно да го освојат пехарот во ова натпреварување.
Финалето Барселона – Веспрем како и дуелот за третото место меѓу Магдебург и Ал Ахли се играат на 2.октомври.
октомври 1, 2025