Останати спортови
Одбојкарите на Бугарија со пресврт до полуфинале на СП

Одбојкарската репрезентација на Бугарија успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство што се игра на Филипини. Во последното четвртфинале Бугарија со пресврт стигна до победа од 3:2 во сетови (21:25; 19:25; 25:17; 25:22 и 15:13) против селекцијата на САД. На тој начин одбојкарите на Бугарија за првпат по 2006 година ќе играат полуфинале на Светското првенство.
Во првиот денешен натпревар Чешка го совлада Иран со 3:1 во сетови. На вчера одиграните четвртфинални дуели: Италија – Белгија 3:0 и Полска – Турција 3:0.
Полуфиналните мечеви Бугарија – Чешка и Полска – Италија ќе се играат в сабота.
септември 26, 2025