Хроника
Жител на Неготино приведен поради сомнение за одземање пари од такси возила

Жител на неготинско Долни Дисан бил приведен поради сомнение за одземање пари од такси возила, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 16 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода З.К., 31-годишник од село Долни Дисан, неготинско, поради основано сомнение дека во два наврати одзел пари од такси возила во кои се превезувал, појаснија од СВР – Велес.
Додадоа дека тој бил приведен во полициска станица, а дел од парите биле пронајдени и одземени.
– По документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР – Велес.
септември 25, 2025