Connect with us

Свет

Саркози прогласен за виновен по дел од обвиненијата за либиските фондови за кампањата

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска е беше прогласен за виновен од парискиот кривичен суд по дел од обвиненијата во судењето поврзано со средства за кампањата од Либија.

Парискиот кривичен суд го осуди за „злосторничко здружување“, но го ослободи од обвиненијата за мито, нелегално финансирање кампања и корист од проневера на јавни фондови.

Саркози се очекува да ја добие пресудата за казната во текот на денот.

Пресудата сè уште не е конечна и можна е жалба. Поранешниот шеф на државата постојано ги негираше обвинувањата