Свет
ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ се за реформи во правосудството, зошто не ги поддржаа интерпелациите за Љупчо Коцевски и Судски совет

Навистина е мачно да се гледаат СДС во нивната безидејност и дезориентираност. Ако се за реформи, зошто СДС не ја поддржаа смената на Љупчо Коцевски? СДС се за се, само не се за реформи на правосудниот систем, затоа што и во судството и во обвинителството имаат свои луѓе кои ги штитат од одговорност а сторените криминали, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ прави реформи, СДС со сите сили ги блокира.
Освен што го штитеше Коцевски во Собрание, СДС не гласаше дури ни за интерпелациите на членовите на Судски совет.
За време на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, судии и обвинители се бираа во нивните партиски штабови во Струмица и Зајас. Па, така, нивните избраници наместо за правдата и за народот, работат за кликата на СДС и ДУИ, а овие ги штитат од разрешување.
Довербата од 2%, со последната пресуда условна казна, за случајот онкологија, ја срози на нула.
На судскиот систем, не само што му се потребни реформи на кои СДС се противи и ги блокира, туку тој е зрел за целосен ремонт.
септември 24, 2025