Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: И Крмов на листата со над 270 илјади денари од партиската каса на Левица

Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од сметката на партијата испумпувале парични средства по разни основи и завршиле на личните трансакциски сметки кај тесното раководство.

По Апасиев кој над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата и

Мојсоска која иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.

Борислав Крмов пратеник кој се претставува како скромен и борец за правдата  од една страна на собраниската говорница урла против патни трошоци а од другата испумпува парични средства од партијата Левица во сопствениот џеб.

Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб.

Дали сега и Крмов ќе тврди дека е сметководител во Левица? Дали тој знае дека таквата улога е  противзаконска?

Паднаа маските на Левица, за Апасиев, Крмов, Мојсоска и Мециновиќ кои глумат лажна скромност. Левица додека ги напаѓаат пратениците за законски додатоци во исто време меѓусебно си делат партиски пари.

Левица се фатени на дело. Народот гледа и нема да дозволи да биде измалнипулиран од оние  кои на говорница урлаат за чеснот а позади неа ги полнат сопствените џебови.