Connect with us

Фудбал

Барселона три недели без повредениот Лопез

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од теренот три недели откако го повреди мускулот на ногата во неделниот триумф на каталонскиот тим над Хетафе од 3-0 во Ла Лига, соопшти денеска клубот.
Дваесетидвегодишниот шпански репрезентативец, кој постигна два гола во победата на Барселона од 6-0 над Валенсија претходно овој месец, се повреди кон крајот на натпреварот, откако влезе како замена во второто полувреме.
„Фермин Лопез има повреда на илиопсоасниот мускул на левата нога. Тој ќе биде надвор од теренот приближно три недели“, соопшти Барселона на социјалната мрежа Икс.
Поради повредата, Лопез ќе го пропушти натпреварот на Барселона против ПСЖ на 1 октомври во рамки на лигата на шампиони, како и гостинската пресметка против Овиедо, в четврток, во рамки на шпанското првенство.