Connect with us

Останати спортови

Репрезентацијата на Светот го освои Лејвер Купот 2025

Репрезентацијата на Светот ја совлада селекцијата на Европа и го освои Лејвер Купот 2025. Според форматот, се доделува еден поен за секоја победа на првиот ден, два на вториот ден и три на третиот.

Оваа година, Карлос Алкараз, Александар Зверев, Холгер Руне, Каспер Руд, Јакуб Меншик и Флавио Коболи ја претставуваат Европа.

Тејлор Фриц, Алекс де Минаур, Франциско Черундоло, Алекс Мишелсен, Жоао Фонсека и Рајли Опелка го претставуваат Светот.

Лејвер Куп е ревијален турнир одржан од 19 до 21 септември во Сан Франциско, САД.

Резултаи постигнати на последниот ден:
Карлос Алкараз/Каспер Руд (Европа) против Алекс Микелсен/Рајли Опелка (Свет) – 7:6(4), 6:1
Алекс де Минаур (Свет) против Јакуб Меншик (Европа) – 6:3, 6:4
Карлос Алкараз (Европа) против Франциско Черундоло (Свет) – 6:2, 6:1
Тејлор Фриц (Свет) против Александар Зверев (Европа) – 6:3, 7:6(4).