Фудбал
Баерн подолг период без повредениот Станишиќ

Германскиот првак Баерн Минхен објави дека хрватскиот фудбалски репрезентативец Јосип Станишиќ ги повредил лигаментите на десното колено и подолг период ќе биде надвор од теренот.
Станишиќ се повреди во средата, на почетокот од второто полувреме од натпреварот од Лигата на шампиони, во кој Баерн го победи Челзи со 3-1 на „Алијанц Арена“ во Минхен.
„Дијагнозата е потврдена за време на прегледот спроведен од медицинскиот тим на Баерн“, се наведува во кусото соопштение кое попладнево го објави клубот од Минхен.
Баерн не е прецизираше колку време би можело да трае закрепнувањето на 25-годишниот хрватски дефанзивец.
септември 20, 2025