Connect with us

Фудбал

Мареска: Третиот гол на Баерн го реши натпреварот

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, се осврна на поразот (1:3) од Баерн во првата рунда од Лигата на шампионите.

– Почнавме многу добро во првите 20 минути, создавајќи две или три одлични шанси, а потоа примивме гол. После тоа, темпото на играта малку се промени, но сепак се боревме напорно. А по паузата, примивме трет гол, со што речиси заврши натпреварот, изјави Мареска за сајтот на УЕФА.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Баерн ќе игра против Пафос на гости, додека Челзи ќе се соочи со Бенфика дома. И двата натпревари ќе се одржат на 30 септември.