Фудбал
Германија ќе го одликува Лам со Орден за заслуги

Со државен Орден за заслуги на 1 октомври ќе биде одликуван поранешниот капитен на Баерн Минхен и на фудбалската репрезентација на Германија, Филип Лам, објави денеска канцеларијата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
Во соопштението, како што пренесува агенцијата ДПА, се наведува дека Лам, кој го Германија ја освои светската титула, а со Баерн, Лигата на шампионите Лам, е меѓу 25-те лица кои ќе бидат одликувани за достигнувања во своите области на Денот на повторното обединување на Германија на 3 октомври.
Лам беше и шеф на организацискиот комитет на Евро 2024 кое се одржа во Германија.
„Филип Лам е една од клучните фигури на германскиот фудбал – во и надвор од теренот. Како директор на Организацискиот комитет на Европското првенство во 2024 година во Германија, тој значително придонесе за успехот на целиот турнир. Фактот дека европскиот дух се чувствуваше толку силно на сите стадиони е исто така благодарение на неговата способност да инспирира, а не да поларизира“, соопшти кабинетот на германскиот претседател.
септември 19, 2025