Фудбал
Енрике објасни зошто го гледал првото полувреме против Аталанта од трибините

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја кажа причината поради која првото полувреме на синоќешниот дуел со Аталанта седел на трибините.
ПСЖ победи со 4:0 во првото коло од Лигата на шампионите сезона 2025/26.
– Нашата цел беше добро да ја започнеме оваа сезона во Лигата на шампионите со важен прв натпревар. Игравме многу добро против нив и мислам дека ја заслуживме оваа победа. Продолжуваме со работата што ја започнавме пред две години. Сè уште имаме работа, но ми се допадна нашиот став и нашата решителност. Создадовме многу шанси. Го гледав првото полувреме од трибините бидејќи оттаму имам подобар поглед на играта. Видов како играчите се справија добро со притисокот, брилијантно. Оттаму, полесно е да се анализира карактерот и притисокот на противникот. Ќе биде тешко до крајот бидејќи имаме многу тежок распоред, изјави Енрике за „Л’Екип“.
Во второто коло од Лигата на шампионите, ПСЖ ќе игра против Барселона на гости, додека Аталанта ќе биде домаќин на Клуб Бриж.
ПСЖ го брани трофејот освоен минатата сезона.
септември 19, 2025