Политика
Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ го осудува обидот да се злоупотребуваат трагичните настани во Кочани преку фотомонтажи и обвинувања

Најостро го осудуваме овој срамен, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и членови на Владата.
За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад вакви обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години ја злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и за партиски цели. Очигледно, СДС и структурите блиски до нив, посакуваат убиство на премиер, на министер за внатрешни работи и на директор на јавна безбедност. Во отсуство на проекти, во отсуство на програма, тие се обидуваат преку подмолен начин, еве преку овие фотомонтажи, преку пожари, преку потпалувања да дојдат до некакво внимание во јавниот простор. Го повикуваме воедно и Филипче да се огради од овие фотомонтажи, дека не стои позади нив, во спротивно ќе се покаже дека тој лично ги има нарачано овие фотографии.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака повторно да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Воедно го повикуваме и ЈО веднаш да постапи и да ги пронајде овие некрофили.
септември 18, 2025