Ракомет
Ракометарите на Бутел елиминирани во првото коло Европскиот Куп

Големо изненадување се случи вечерва во СЦ „Јане Сандански“, откако екипата на Бутел Скопје загуби од Дуделанж со 24:29 и испадна во првото коло на Европскиот куп на ЕХФ.
Резултатот е вистинска сензација со оглед на предноста од четири гола на македонскиот тим по првиот меч во Луксембург.
Гостите до триумфот со посакуваната гол-разлика дојде во последните осум минути 7:2 и од 22:22 стигнаа до 29:24.
Во нашиот состав голманот Стојаноски запиша десет интервенции, а Субашевскки постигна седум гола.
септември 14, 2025