Connect with us

Фудбал

УЕФА ја одложи одлуката за организирање натпревари од домашни лиги во странство

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја одложи денеска одлуката за организирање натпревари од националните лиги во странство, откако Барселона побара да игра во САД, а Милано во Австралија.

Извршниот комитет на УЕФА објави дека му е потребно повеќе време за да ги разгледа предлозите од шпанската и италијанската лига, но и да разговора со навивачките групи.

Шпанската лига сака Виљареал и Барселона да играат во Мајами на 20 декември, додека Серија А сака Милан и Комо да играат во Перт во февруари идната година.

Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок во Тирана констатираше дека станува збор за „важно и растечко прашање“, но сака да ги собере мислењата на сите заинтересирани страни пред да донесе конечна одлука.

Повеќе од 500 навивачки групи обединети во мрежата на навивачи на европскиот фудбал, призната од УЕФА, остро се спротивставуваат на организирањето натпревари во странство.