Фудбал
Онана се пресели во Трабзонспор: Почнувам нова авантура

Откако го загуби местото во почетниот состав на Манчестер Јунајтед, камерунскиот голман Андре Онана (29) ќе ја продолжи кариера во турскиот прволигаш Трабзонспор.
Онана му се приклучи на Трабзонспор на позајмица до крајот на сезоната, објавија синоќа двата клуба.
„Среќен сум што сум тука. Почнувам нова авантура, нов проект во мојата кариера. Веќе ја чувствувам поддршката и љубовта, што многу ми значи“, рече Онана по пристигнувањето во Истанбул каде беше топло пречекан од навивачите на Трабзонспор.
Онана би можел да дебитира на голот за својот нов клуб веќе о недела во дербито против Фенербахче.
„Подготвен сум за натпреварот против Фенербахче. Секој играч сонува за вакви натпревари. Знам колку е силен Фенербахче, но ние веруваме во сопствената сила. Тоа ќе биде важен и голем предизвик за нас“, изјави тој за турските медиуми.
Онана замина од Јунајтед, чиј дрес го носеше од 2023 година, откако премиерлигашот го ангажираше Белгиецот Сене Ламенс од Антверпен за 25 милиони евра.
септември 12, 2025