Свет
Сите 17-годишни Белгијци ќе бидат повикани на доброволно служење војска за месечна плата од 2.000 евра

Во текот на ноември на сите Белгијци на возраст од 17 години ќе им бидат упатени писма со детали за можностите за доброволно служење во редовите на Вооружените сили на Белгија, најави белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.
Иницијативата има за цел да ги поттикне младите да се решат на доброволно отслужување на воен рок во траење од една година. Таа е дел од планот на Франкен за привлекување нови регрути во белгиската Армија.
Како што соопшти Франкен, ќе бидат испратени информативни писма до околу 130.000 млади Белгијци, по што ќе се организираат на презентации за можностите за служење војска, како во живо, така и онлајн.
Заинтересираните кандидати, кој мора да бидат на возраст од 18 до 25 години, ќе можат да се пријавуваат од јануари идната година, селекцијата на потенцијалните регрути ќе се изврши во текот на летото, а избраните ќе започнат со отслужување на воениот рок од септември 2026 година. Доброволните војници ќе примаат нето месечна плата од 2.000 евра.
Се предвидува во рамките на оваа програма на трите рода на белгиската Армијата во 2026 година да и се приклучат 500 доброволци, во 2027 – 1.000, по што нивниот број би продолжил да се зголемува во следните години до најмногу 7.000.
септември 11, 2025