Ракомет
Еурофарм Пелистер со триумф над Загреб стартуваше во Лигата на шампиони

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со победа ја почна новата сезона во европската Лига на шампиони, откако вечерва во Битола го совлада хрватски Загреб со 25:23 (13:12).
Успехот беше најавен на почетокот од средбата кога домаќините поведоа со четири голови разлика 8:4, а најдраматично беше на почетокот од вториот дел кога гостите поведоа со 14:15.
Во завршницата на сцена стапи домашниот голман, иранскиот интернационалец Хеидарирад кој одбрани во клучни моменти од средбата, а на крајот го постигна победоносниот гол.
Најефикасни на дуелот беа Манасков со осум и Главаш со седум постигнати голови.
септември 11, 2025