Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Како во работно време, Каја Шукова која е вработена во државна администрација држи партиски прес-конференции?

Крајно неодговорно е поранешната државна секретарка и министерка во Министерството за животна средина, Каја Шукова да говори дека проблем кој не го реши за 20 години како вработена во ресорното министерство, од кое 7 години вршеше јавни функции како државен секретар и министер, дека сега ќе го средела за 3 месеци?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Шукова изгледа заборавила, но токму нејзината партија СДС, кога беше на власт на централно и локално ниво, ги тргна чуварските служби во Вардариште и Дрисла. Патем, јавноста знае кој ги создава проблемите – СДС, а кој ги решава истите – ВМРО-ДПМНЕ.
Но, Шукова исто така треба да одговори, како во работно време, држи партиски прес-конференции? Како Шукова која е вработена во Министерството за животна средина, во работно време, си излегува од своето работно место и оди во партискиот штаб да држи прес? Дали има дозвола за излегување, дали има искористено приватни саати?
На овие прашања, Шукова треба веднаш да одговори!
септември 11, 2025