Connect with us

Фудбал

Постекоглу седнува на клупата на Нотингем Форест

Премиерлигашот Нотингем Форест брзо најде замена за Нуно Еспирито Санто. Нов менаџер на екипата е 60-годишниот менаџер од Австралија Анге Постекоглу. Тој воедно важеше за еден од првите кандидати за празното место.

Португалскиот менаџер Санто по 21 месец на клупата на Нотингем, доби отказ поради недоразбирање со сопственикот и управата на клубот, незадоволен од активноста во преодниот рок.

Постекоглу ланската сезона ја заврши како менаџер на Тотенхем, со освоена Лига Европа, но и 17.место во Премиер лигата.

По три одиграни кола во Премиер лигата Нотингем Форест е на 10.место на табелата, а клубот кој е и двократен европски првак оваа сезона ќе игра во Лига Европа.

Постекоглу дебито ќе го има во сабота против Арсенал.