Connect with us

Свет

Трамп подготвен за нови санкции против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува нови санкции против Русија.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали е подготвен да покрене нова рунда санкции против Русија, американскиот претседател одговори – Да, подготвен сум.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, претходно денеска изјави дека САД се „подготвени да го зголемат притисокот“ врз Русија за да ја заврши војната во Украина, повикувајќи ги Европејците да го сторат истото.

Изјавите следеа по рускиот воздушен напад врз Украина во кој загинаа пет лица претходната ноќ, што повторно укажува на застојот во дипломатските разговори за завршување на конфликтот.