Свет
„Гугл“ го прослави 27. роденден

Компанијата „Гугл“ (Google) е основана на 4 септември 1998 година, во гаража во Силиконската Долина. Времето покажа дека тоа е бренд којшто го преобрази светот во поглед на пребарувањето информации.
Основачите Лари Пејџ и Сергеј Брин се запознале на Универзитетот Стенфорд (во истоимениот град во Калифорнија, САД). Тие воделе студентски живот полн со добро поминато време и малку сон, но покрај уживањето во младоста, момците се зафатиле со создавање пребарувач што првично го нарекле „Бекраб“ (BackRub). Нивниот проект брзо привлекол инвеститори, по што се јавила потреба и да се промени името на производот. Така, тие се одлучиле за „Гугл“ изведенка од американскиот неологизам „googol“ – збор измислен во 1938 година, т.е. своевиден сленг што го означува математичкиот израз 10 на стоти степен, т.е. бројот со цифрата 1 и сто нули по неа.
Така, Пејџ и Брин почнале со капитал од 100.000 долари, од Енди Бехтолсхајм. Па, од својата гаража се преселиле во Пало Алто, а потоа и во Маунтин Вју, каде што сè уште и денес се наоѓа седиштето нна компанијата „Гугл“.
Натаму, компанијата стана една од најважните во 21 век. Во нејзините услуги, спаѓаат и „Гмејл“ (Gmail), „Гугл мапс“, „Андроид“, „Јутјуб“ и многу други коишто станаа дел од секојдневниот живот на луѓето ширум цел свет.
септември 6, 2025