Connect with us

Фудбал

Постекоглу би можел да ги предводи Фенербахче или Баер

Поранешниот тренер на Тотенхем, Анже Постекоглу, е кандидат за тренерското место во Баер Леверкузен и Фенербахче. Бундеслигашот и клубот од Истанбул се во потрага по нов тренер, изјави Фабрицио Романо.

Минатата недела, истанбулскиот клуб го отпушти Жозе Мурињо, а Леверкузен ја објави оставката на Ерик тен Хаг на почетокот на септември.

На почетокот на јуни, Тотенхем го отпушти Постекоглу, кој беше тренер на Спарс од 2023 година. 

Во сезоната 2024/25, лондонскиот клуб го освои финалето на Лигата на Европа по победата против Манчестер јунајтед (1:0). Овој трофеј беше прв за Спарс од 2008 година.