Connect with us

Фудбал

Би-Би-Си: Реал Мадрид „мајстор“ за бесплатни трансфери

Осврнувајќи се на неодамна завршниот летен преоден рок во Премиер лигата во кој англиските клубови потрошија рекордни над три милијарди фунти за трансфери на играчи, новинарите на Би-Би-Си забележаа интересен детаљ, потенцирајќи дека Реал Мадрид ангажира фудбалски ѕвезди бесплатно.
Би-Би-Со наведува дека овој тренд почнува со германскиот играч од средниот ред Бернд Шустер, кој по осум години во дресот на Барселона, се пресели во Реал во летото 1988 година без обесштетување. Следната голема фудбалска ѕвезда беше данскиот играч од средниот ред Михаел Лаудруп, кој по пет сезони во дресот на Барселона, дојде во „кралскиот клуб“ во 1994 година, исто така без надомест.
Поранешниот англиски репрезентативец Стив Мекманаман мина низ младинската академија на Ливерпул и беше член на првиот тим на англискиот клуб девет сезони, пред да се пресели во Реал во 1999 година како слободен агент. Дефанзивецот Давид Алаба пристигна од Баерн во 2021 година без надомест, а следната година се приклучи и германскиот репрезентативец Антонио Рудигер, кој претходно играше за Челзи.
Реал Мадрид не мораше да плати ниту едно евро отштета за Килијан Мбапе, една од најголемите ѕвезди на денешницата, бидејќи францускиот напаѓач пристигна на Сантијаго Бернабеу минатата година од ПСЖ без обесштетување.
Долгогодишниот фудбалер на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, требаше да пристигне бесплатно ова лето, бидејќи неговиот договор со клубот од „Енфилд Роуд“ истекуваше на 30 јуни. Реал Мадрид мораше да го регистрира пред тој рок за да може да игра за нив на Светското клупско првенство, а Ливерпул го одржа својот став и на крајот успеа да извлече само десет милиони евра отштета од Реал Мадрид.