Фудбал
Пелистер и Новаци ја минаа првата пречка во Купот

Екипите на Пелистер и Новаци се пласираа во следната фаза од куп натпреварувањето. Пелистер како гостин го совлада Тетекс со 2:1 откако на полувреме тетовчани кои беа домаќин водеа со 1:0, додека Новаци без поголеми проблеми стигна до триумф на гостински терен кај Пчиња со 3:0.
Покрај Пелистер и Новаци осминафинале обезбедија уште и Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, ГФК Охрид и Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Беласица.
Од првата елиминациска рунда остануваат да се одиграат уште три натпревари: Победа Прилеп – Башкими (9.септември), Кожуф – Шкупи и Јени Маале спорт – Шкендија Тетово (10.септември).
Бранител на трофејот е Вардар.
септември 4, 2025