Connect with us

Економија

Државен завод за статистика: Најмногу слободни работни места во услужниот сектор

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.36 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %