Connect with us

Фудбал

Њукасл го комплетираше трансферот на Волтемаде за рекордна сума

Премиерлигашот Љукасл Јунајтед го комплетираше денеска трансферот на напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде.

Њукасл не даде детали, но медиумските извештаи сугерираат дека Волтемаде потпишал договор до јуни 2031 година, при што Њукасл ќе плати надомест за трансферот меѓу 69 и 78 милиони фунти.

Со тоа е надминат претходниот клупски трансфер рекорд на Њукасл од 63 милиони фунти, колку што премиерлигашот плати за напаѓачот Александар Исак пред три години.

„Голем чекор во мојот живот е да ја напуштам Германија, но сите ме пречекаа толку добро и сега се чувствувам како дел од семејството. Имам навистина добро чувство од разговорот со тренерот дека ова е вистинското место за мене да ја пронајдам мојата најдобра форма“, рече Волтемаде.

Дваесетитригодишниот германски репрезентативец ја почна својата кариера во Вердер Бремен пред да се пресели во Штутгарт минатото лето и брзо се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата.