Фудбал
Фулам потроши рекордни 40 милиони евра за Кевин

Премиерлигашот Фулам ќе ги засили своите редови со бразилскиот фудбалер Кевин, кој ќе се пресели во лондонскиот клуб за рекордни 40 милиони евра, објавија денеска англиските медиуми.
Дваесетидвегодишниот бразилски играч од средниот ред доаѓа во Фулам од украински Шахтјор за кој настапуваше од 2024 година.
Својот претходен трансфер рекорд Фулам го постави минатата година, кога плати околу 31 милиони евра за офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Емил Смит Роу.
По три одиграни натпревари, Фулам е на 16 место во Премиер лигата со два бода, а следниот натпревар ќе го игра на 13 септември дома против Лидс.
септември 1, 2025