Connect with us

Свет

Фон дер Лајен: Путин е предатор, Европа мора да инвестира во одбраната

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „предатор“, поради што е неопходно Европа да инвестира во одбраната.

– Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање. Мораме да го задржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и дека нема да се промени, рече таа за време на посетата на полско-белоруската граница со полскиот премиер Доналд Туск.

Фон дер Лајен во моментов е на турнеја низ седум земји од источна Европа „на првата линија на фронтот“ за да ги увери во поддршката на ЕУ против Русија, а со Туск ја посети полско-белоруската граница и покрај предупредувањето дека на тоа место се наоѓаат „вооружени белоруски војници“.

Фом Дер лајен попладнево пристигна во Бугарија каде што ја пречека бугарскиот премиер Росен Жељазков.