Хроника
Отпушок од цигара предизвикал пожар на кровни панели

Фрлен отпушок од цигара предизвикал пожар на кровни панели на колонијална продавница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, пожарот бил пријавен вчера во 17 часот и 10 минути.
– Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Извршен е увид и констатирано е дека пожарот е предизвикан од невнимание со фрлање отпушок од страна на вработен во колонијалната продавница И.И. (42) од Струга, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе биде поднесена соодветна пријава.
септември 1, 2025