Connect with us

Фудбал

Миовски дебитираше за Ренџерс

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски дебитираше денеска за Ренџерс во големото шкотско дерби против Селтик кое заврши без голови, ден откако го комплетираше трансферот во гигантот од Глазгов.

Миовски, кој вчера потпиша четиригодишен договор со Ренџерс, се најде во почетниот состав на дербито против Селтик и одигра 73 минути.

Македонскиот репрезентативец со трансферот во Ренџерс се врати по едногодишна пауза во шкотското првенство каде настапуваше две сезони за Абердин, пред да замине за шпанска Жирона.

За Ренџерс ова беше четврто реми во четвртиот натпревар од новата сезона во Шкотска, а во следното коло го очекува дуел против Хартс на домашен терен.