Свет
Зеленски: Русија распоредила 100.000 војници во близина на градот Покровск во источна Украина

Русија концентрирала 100.000 војници во близина на Покровск, клучен град во источна Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Ситуацијата во областа на Покровск „денес е највознемирувачка“, бидејќи Русија таму натрупала „до 100.000 војници“, рече Зеленски на средба со новинари и оцени дека Русите „во секој случај подготвуваат офанзивни акции“, пренесе Бета.
Зеленски денеска рече и дека треба да се зајакне притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин по рускиот напад на Киев, во кој загинаа 23 лица.
септември 1, 2025