Фудбал
Гарначо потпиша седумгодишен договор со Челзи

Лондонски Челзи го комплетираше трансферот на крилниот напаѓач Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед со седумгодишен договор.
Според британските медиуми, договорот е вреден 40 милиони фунти.
„Ова е одличен ден за мене и моето семејство. Се приклучувам на огромен клуб и едвај чекам да почнам да играм. Навистина сум среќен што се приклучувам на победниците на Светското клупско првенство – најдобриот тим во светот“, рече аргентинскиот фудбалер.
Гарначо, кој одигра 144 натпревари и постигна 26 голови за Манчестер Јунајтед, по завршувањето на ланската сезона беше меѓу петте играчи кои сакаа да си заминат, заедно со Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Тирел Маласи и Џејдон Санчо.