Филм
South Park со брутална шега за Трамп, ја налути Белата куќа и сруши рекорди на гледаност

Контроверзната анимирана серија South Park повторно е во центарот на вниманието, откако новата епизода, насочена директно против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, предизвика бура реакции – и скок од 258% во гледаност.
Креаторите на серијата, Треј Паркер и Мет Стоун, во епизодата со наслов Проповед на гората, го исмејуваат Трамп на брутално сатиричен начин – што веднаш предизвика лавина од коментари, и политички и јавни.
Сцена со сатаната предизвика жестоки реакции
Во најконтроверзната сцена, анимирана верзија на Трамп лежи во кревет со сатаната, велејќи:
„Ајде, сатано, цел ден напорно работев.“
На тоа, сатаната му враќа:
„Не си работел! Цел ден објавуваше глупи мимови и се зафркаваше.“
Кога Трамп го повлекува покривачот, сатаната иронично забележува:
„Не гледам ништо… толку е мал.“
Рекордна гледаност – скок од 258%
Иако многумина беа шокирани од содржината, популарноста на серијата експлодирала. Според податоци од JustWatch, гледаноста скокнала за 258% за само 24 часа по премиерата на 27. сезона.
South Park веднаш се искачи на врвот на листите, надминувајќи серии како Untamed на Netflix, The Osbournes и The Summer I Turned Pretty на Amazon.
Белата куќа: „Очајнички потег на нерелевантна серија“
Реакцијата од Белата куќа не изостана. Портпаролката Тејлор Роџерс изјави:
„Лицемерието на левицата нема крај – со години го напаѓаа South Park како навредлив, а сега одеднаш го фалат. Серијата не е релевантна повеќе од 20 години.“
Таа додаде дека претседателот Трамп во првите шест месеци исполнил повеќе ветувања од кој било друг претседател и дека „никаква четвртокласна анимирана серија нема да го запре неговиот победнички бран“.
Одговор од авторите: Саркастично извинување
Коавторот Треј Паркер, на панел на San Diego Comic-Con, кратко се осврнал на контроверзијата:
Ужасно ни е жал“, рекол „мртов сериозен“, по што следела долга тишина – и смеење од публиката.