Connect with us

Сцена

Швајнштајгер со сексапилната Бугарка ужива во луксузна хациенда

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и српската тениска ѕвезда Ана Ивановиќ официјално ставија крај на деветгодишниот брак, во кој имаат три деца.

Веста за разводот на некогашната „златна спортска двојка“ одекна во медиумите низ целиот регион, но и пошироко. Причина за разводот, според адвокатот на Ана, биле „непомирливи разлики“, но јавноста ја поврзува разделбата и со наводната афера на Швајнштајгер со Естер Седлачек, а подоцна и со атрактивната Бугарка Силва Капитанов.

Живот на луксузна хациенда вредна 50.000 евра месечно

Како што пишува српски „Курир“, повикувајќи се на добро информирани извори, Бастијан сега живее на изнајмена луксузна хациенда на брегот на Мајорка, за која месечно плаќа околу 50.000 евра.

Според истите информации, поранешниот фудбалер неодамна купил и нова едрилица, вредна околу три милиони евра, со која често крстари по Медитеранот.

Силва и Бастијан – „како вљубени тинејџери“

Очевидци велат дека Бастијан и Силва не кријат емоции и се однесуваат како вљубени тинејџери. Биле забележани во страсна прегратка на плажа во Грција, а кога не се во хациендата, уживаат на едрилицата, сончајќи се и бакнувајќи се на палубата.

„Тоа што го гледате тука е неговата нова едрилица која плови под германско знаме. Сите знаат дека е негова. Кога не се во хациендата, се возат по море и уживаат во романтика“, изјавил еден локален извор за медиумите.

Во моментов парот не е на Мајорка – според изворот, отпатувале во Грција поради медиумскиот притисок.