Connect with us

Филм

Новиот „Супермен“ цензуриран во Индија поради „проблематични“ сцени

Најновиот филм за Супермен, во режија на Џејмс Ган, наиде на цензорски бариери во Индија – од него биле исечени вкупно 41 секунда, вклучувајќи две сцени со бакнежи и една сцена во која лик покажува среден прст за време на борба.

Индискиот Централен одбор за сертификација на филмови (CBFC) ги оцени сцените како „претерано сензуални“ и „непристојни“ за домашната публика. Посебно бил избркан бакнежот во воздух меѓу Супермен (Дејвид Коренсвет) и Лоис Лејн (Рејчел Броснахан), кој траел 33 секунди, како и 8-секундна сцена со ликот Гај Гарднер (Нејтан Филион), кој за време на борба со својот суперпрстен прави навредлива гестика.

Предвреме скратен за да ја помине цензурата

Како што наведуваат извори од индустријата, ваквите резови често се унапред планирани од студијата за побрзо добивање дозвола.
„Понекогаш продукциските куќи сами отстрануваат сцени за кои знаат дека ќе бидат проблематични, со цел да го забрзаат процесот на одобрување“, објаснуваат од индустријата.

Процесот на цензура бил завршен на 7 јули, само неколку дена пред глобалната кино премиера.

Остро критикувани на социјалните мрежи

Одлуката на CBFC предизвика негативни реакции на социјалните мрежи, особено меѓу фановите на Супермен.
Некои од коментарите беа:

  • „Драги цензори, ја срамите индиската филмска индустрија.“
  • „Прво цензуриравте емотикони, сега и бакнежи?“
  • „Децата гледаат насилство секојдневно на интернет, а вие бришете сцени на љубов и нежност?“
  • „Ова е вистинскиот живот – луѓето се бакнуваат.“

CBFC и претходно се нашол на удар на критики – минатата година го осудија филмот Oppenheimer поради љубовна сцена која, според нив, била „навреда за хиндуизмот“.

Успех на филмот – и покрај сè

И покрај контроверзиите, „Супермен“ постигна голем успех на бокс-офисот. Во првиот викенд од прикажување филмот заработи 220 милиони долари на глобално ниво.

Режисерот Џејмс Ган се заблагодари на обожавателите и порача:
„Досега во Супермен го имавме само ’супер‘. Јас сакав филм што зборува повеќе за ’човекот‘ – добриот човек кој сака да им помогне на другите.“