Connect with us

Живот

Купила привезок за 1 долар во secondhand, па открила колку навистина вреди

Една жена од Калифорнија останала во шок откако ја открила вистинската вредност на привезокот што го купила од продавница за т.н. „втора рака“ – и тоа за само 1 долар.

Станува збор за Сара Блекстоун, која случајно налетала на накитот пред неколку години во продавницата Cedar Glen Thrift and Collectibles во Лејк Ерехед. Веднаш ѝ го привлекло вниманието, па го купила без двоумење.

Години не знаела што има

Иако уште тогаш чувствувала дека се работи за нешто посебно, Блекстоун со години не знаела какво богатство всушност поседува. „Кога стигнав дома, го ставив привезокот на тенко сребрено синџирче и повремено го носев. Мислев дека е злато и внимателно се однесував со него, но не знаев колку навистина вреди“, раскажала таа.

Вистината испливала на површина дури години подоцна, кога продавала друг накит. „На едно место каде што носев скршен накит ми понудија пари за овој привезок веднаш“, вели Блекстоун. Понудата ја изненадила – дури 240 долари. Тогаш решила да го процени накитот како што треба.

Помош од интернет заедницата

Изненадена од понудата, објавила фотографија од привезокот на Reddit, надевајќи се дека ќе дознае нешто повеќе за потеклото и вредноста. „Сакав да го споделам во заедницата за идентификација на накит, каде што има многу експерти кои даваат неверојатни одговори“, изјавила таа.

Корисниците на Reddit не ја разочарале – за само неколку часа утврдиле дека накитот е дело на реномиран златар од Алјаска, по име Ралф Горичаназ. Таа информација ја мотивирала Сара да направи официјална проценка – која потврдила дека привезокот е изработен од 6,3 грама 14-каратно злато.

Еден Reddit корисник пресметал дека само златото за топење вреди околу 372 долари, но дека реалната вредност како уметничко дело може да биде далеку повисока. Сара сега е во контакт со уметникот за да дознае повеќе.

„Ова дефинитивно е моето најголемо откритие досега. Често наоѓам добри работи, но ова беше сосема неочекувано“, изјавила воодушевено.