Connect with us

Свет

Арагчи до Нетанјаху: И ние имаме недовршена работа

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, одговори на антииранската реторика на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Иран исто така има „незавршена работа“ со израелскиот режим, објави иранската агенција ИРНА.

„Последниот пат кога сакавте да ја ’завршите работата’, Иран излезе уште посилен. Дали сакате повторно да си ја пробате среќата? Ајде. Но, бидете внимателни – и ние имаме недовршена работа“, напиша Арагчи на својот профил на Икс.

„Нетанјаху ја влече Америка во уште една војна за да не оди во затвор, без разлика на последиците за Израел – а да не го спомнуваме претседателот на САД“, додаде тој.

Ad
Ad