Свет
Во Романија ученик со нож повреди наставничка и друг ученик
Ученик во седмо одделение во романскиот град Бистрица со нож нападна и повреди ученик и наставник. Напаѓачот наводно се снимил на ТикТок пред нападот каде и објавил каква намера има.
„Го подготвувам ова веќе осум месеци. Ќе се видиме во Валхала (место каде одат оние кои некого убиле на насилен и намерен начин) Ќе го направам тоа, немате поим колку сум опасен“, навел тој во објавата.
Повредениот ученик и наставничката се хоспитализирани, но не се во животна опасност. Во момент на нападот според изјава на ученик од одделението, напаѓачот носел фантомка и кацига. Повредената наставничка има 28 години додека повредениот ученик е на 12-годишна возраст.
октомври 19, 2026


