Connect with us

Хроника

Лишен од слобода охриѓанец кој нелегално поседувал оружје

МВР соопшти дека вчера, во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Ј.(48) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри и куршуми и една пушка калибар 4,51 милиметри кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Ad
Ad