Connect with us

Хроника

Двајца жители на Подгорци приведени поради нелегална сеча

Две лица од струшкото село Подгорци биле лишени од слобода откако биле затекнати при нелегална сеча на дрва во месноста Подгоречки бачила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 16 октомври во 17 часот, при координирана акција на полициски службеници и Шумската полиција, биле приведени Е.А. (46) и Р.А. (45), двајцата од Подгорци.

Според информациите, тие биле затекнати при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво, кои потоа ги товарале во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за натамошен нелегален транспорт.

Од МВР информираат дека по насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик.

Ad
Ad