Connect with us

Свет

Во авионот на „Аустриан ерлајнс„ на летот од Тел Авив за Виена не е пронајдена никаква закана

Инспекцијата на авионот на „Аустриан ерлајнс“, што синоќа леташе од Тел Авив за Виена, а беше пренасочен кон Софија поради закана за бомба, не е пронајдена никаква опасност, објави денеска авиокомпанијата, пренесе БТА.

Авиокомпанијата објави дека летот, на кој имало 51 патник и шест члена на екипажот, го продолжил своето патување од Софија до Виена истата вечер, со сите патници во него.

„Потврдуваме дека на 18 октомври 2026 година, била упатена закана кон авионот на летот OS82 од Тел Авив до Виена, поради што леталото морало привремено да слета во Софија“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата објавено денеска.

„За време на инспекцијата на авионот, патниците и членовите на екипажот на кои се однесувала заканата, не е пронајдена никаква опасност“, објави компанијата, додавајќи дека авионот од Софија го продолжил своето патување кон Виена со сите патници, по повторното качување.

Авион на „Аустриан ерлајнс“ изврши итно слетување во бугарската престолнина по закана со бомба, објави синоќа „Скај њуз“, повикувајќи се на бугарското Министерство за транспорт и врски.

„За време на летот, на границата со Романија, екипажот пријавил закана со бомба и донел одлука за итно слетување во Софија“, соопшти министерството во соопштение за медиумите.

Министерството додаде дека авионот бил следен од воен ловец сè додека не слетал во Софија, по што патниците биле истоварени.

Ad
Ad