Свет
Путин одобри реконструкција на владата на Мишустин
Рускиот претседател Владимир Путин ја поддржа реконструкцијата на владата предложена од премиерот Михаил Мишустин, објавија денеска руските државни агенции, повикувајќи се на Кремљ.
„Покрај дискусијата за социјалните и економските прашања, премиерот му предложи на претседателот голем број кадровски промени во владата. Путин ги одобри“, ја пренесоа руските агенции изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Реконструкцијата на владата следи по парламентарните избори во септември, на кои беше обновен составот на Долниот дом на рускиот парламент, Думата.
Промените се случуваат во време кога Русија бара нови извори на економски раст во услови на растечки буџетски дефицит, повисоки даноци и релативно високи каматни стапки.
Новите министри, чии имиња сè уште не се објавени, ќе бидат предложени на парламентот за одобрување, соопшти Кремљ, без да даде дополнителни детали.
октомври 19, 2026

