Connect with us

Хроника

Со брза интервенција на штипските пожарникари изгаснат пожар во куќа

Пожар избувна во куќа на улицата „АСНОМ“ во Штип. Повредени нема, предизвикана е само материјална штета. По интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ), пожарот е веднаш изгаснат.  

Како што изјави командирот на ТППЕ, Благој Ренџов, пожарот бил пријавен околу 11.30 часот на бројот 112, по што е интервенирано со две противпожарни возила и седум пожарникари.

Веднаш рагирала и Итна медицинска помош. 

-Во 11:30 часот на бројот 112 беше пријавена запалена куќа. Интервениравме со две возила и седум пожарникари по што огнот беше локализиран, рече Ренџов според кој, опожарена е само една просторија од куќата, а причинета е исклучиво материјална штета.

Штипските пожарникари  интервенираа и вчера попладне по пријава за пожар во куќа каде, исто така, беше причинета само материјална штета.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5