Хроника
Приведен жител на Кавадарци, алкохолизиран се однесувал агресивно во здравствена установа
Приведен бил жител на кавадаречкото село Ваташа, кој алкохолизиран се однесувал агресивно во здравствена установа.
– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го приведоа Г.М., на возраст од 41 година од село Ваташа, постапувајќи по претходна пријава дека во здравствена установа во Кавадарци, агресивно се однесувал кон вработените и пациентите, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
При преземање мерки, како што се појаснува во соопштението, кај него биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта.
– Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.
јануари 14, 2026


