Connect with us

Хроника

„Пежо“ излетало од патот Кавадарци – Неготино, млад возач добил телесни повреди

„Пежо“ утринава излетало од патот Кавадарци – Неготино, а младиот возач добил телесни повреди, потврдија за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Денеска, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 9 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај место наречено Антена, патничко возило „пежо“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н. Т. (19) од Кавадарци, излетало надвор од патот. Во несреќата телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница во Кавадарци – појаснија од СВР Велес.  

Увид извршила екипа од ОВР Неготино.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3